Радио и тв водителот Виктор Петров познат во јавноста како Викса на својот фејсбук профил објави видео на кое може да се види како им се помага на две лица врз кои најверојатно удрил покривот од зградата во Карпош по силниот ветер во Скопје.

Според неофицијалните информации, двете лица не биле повредени.

Ветерот кој околу половина час дуваше во Скопје достигнал и брзина од 70 километри на час а социјалните мрежи беа преплавени со слики од настанати материјални штети односно откорнати покриви, искршени автомобили, паднати дрвја врз објекти...


Администратор
27/02/2020 03:15