Контејнери за одлагање електричен и електронски отпад беа поставени денеска во Општина Кисела Вода.

– Согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода преку Одделението за животна средина и компанијата Елколект ДОО, контејнерите беа поставени на четири локации, и тоа кај маркетот „Кам" во населбата Драчево и во Црниче, во УЗ Кисела Вода кај Мечкаров, кај детското игралиште спроти автобуската постојка и во УЗ Цветан Димов кај трансформаторот, соопштија од Општината.

Секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски денеска на терен разговарал со претставниците од оваа компанија која е лиценцирана за воспоставување функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.

Дополнително, како што соопшти Општината, согласно Меморандумот, и во основните училишта на оваа територија, како и во објектот на Општината, се доставени корпи за одложување на електричен отпад.


Администратор
19/02/2020 16:02