Потврдени се првите случаи на коронавирус во Иран откако две лица се заразени, пренесе иранската полуофицијална агенција Исна, повикувајќи се на наводи на иранските власти.

Агенцијата, меѓутоа, не ја наведува националната припадност на заразените, пренесуваат американските медиуми.

Претставникот на Министерстото за здравство, Кијануша Џаханпура, потврди дека изминатите два дена биле откриени неколку сомнителни случаи на новиот коронавирус.

Бројот на заразени од коорнавирус во Кина денеска се зголеми на 74.185, а на починати на 2.004.


Администратор
19/02/2020 14:07