Германија испраќа втора пратка медицинска помош во Кина за да и помогне во борбата против коронавирусот од кој се заразени повеќе од 73.000 лица.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска изјави дека германската Влада ќе испрати 8,7 тони средства во вредност од 150.000 евра, вклучувајќи заштитна опрема и дезинфекциски средства.

– Германија цврсто стои на страната на Кина во борбата против коронавирусот и има блиска соработка со кинеските власти. Исклучително ги почитуваме напорите што Кина ги прави, рече Мас.

Бројот на смртни случаи како последица на овој вирус во Кина изнесува 1.868 лица.


Администратор
18/02/2020 20:46