Шефот на дипломатијата на Европската унија Жозеп Борел, рече дека ќе го подготви својот предлог за назначување специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина до состанокот во март на Советот на ЕУ.

– Предлогот се уште не е готов. Големи се подготовките за мандатот и другите формалности. Ние нема да можеме да излеземе со тоа утре (на состанокот на советот на министерот за надворешни работи на ЕУ), но сигурно ќе биде за следниот состанок на Советот на ЕУ, изјави синоќа Борел.

Пристигнувајќи на работна вечера на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, Борел рече дека состанокот е уште еден чекор од перспективата на ЕУ за Западен Балкан.

Тој го спомена и регионот на Минхенската конференција за безбедност и дека Западен Балкан ќе биде дискутиран денеска на состанокот на советот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.


Администратор
17/02/2020 11:01