Собранието со 73 гласа за ги донесе измените и дополнувањата на Законот за Советот за јавни обвинители, по што премина кон гласање на Законот за одбрана.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во салата а според Собраниските служби најпрво имаше 74 присутни пратеници, по што Џафери почека околу 5 минути да се собере потребното мнозинство. Откако пратениците влегоа во салата со 80 гласа За го донесоа Законот за одбрана.


Администратор
16/02/2020 14:11