По повод празникот Сретение Господово, Ден на Државноста на Република Србија, вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи манифестацијата „Уна сага сербика“ на која ќе настапи и истоименит атрактивен танцов ансамбл.

Покрај танцовиот ансамбл „Уна сага сербика“ кој ги презентира убавината, историјата и културното наследство на Балканот, ќе настапат и хорот Симонида, актерката и професор на Факултетот за современи уметности во Белград Биљана Ѓуровиќ, како и музичарот Милош В. Николиќ кој свири на кавал, гајда и фрула.

Манифестацијата ја организираат српските невладини организации во земјава.


Администратор
16/02/2020 10:35