Турската Влада и го отстапи на албанската влада авионот што до пред една година го користел претседателот Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА.

– Турскиот владин авион „Ербас А319“ е предаден на албанската влада. Авиониот за кој станува збор сега се наоѓа во Виена и му е смената бојата од црвено-бело на турското знаме во црвено- црно од албанското знаме, пренесува Abcnews.al и објавува фотографии од истиот.

Наведува дека со овој авион Ердоган повеќе од еден час летал околу Истанбул вечерта на 15 јули 2016 година, кога турските власти го спречија, како што го нарекуваат, обидот за обид за државен удар.

Истиот извор посочува дека ова е последниот „дар“ од претседателот Ердоган за премиерот Еди Рама и додава дека односите меѓу Рама и Ердоган се доста блиски, дури „изгледа дека се зајакнуваат од ден на ден со договори меѓу двете влади“.

Оценува дека еден од најголемите проекти е оној на „Ер Албанија“, компанија, која, по многуте одложувања на стартот, успеа да полета три авиони.

-Засега нема податоци врз какви услови бил даден авионот и за што ќе се користи од албанската влада. Сепак факт е дека секогаш кога ќе добиеме такви „подароци“, Албанија е принудена да врати нешто,констатира abcnews.al.


Администратор
15/02/2020 21:25