Швеѓанецот Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап. На митингот во Глазгов, тој го подобро досегашното најдобро остварување, што исто така беше во негова сопственост, за еден сантиметар, прескокнувајќи 6,18 метри.

Новиот светски рекорд доаѓа по една недела од неговите 6,17 метри што ги прескокна на атлетскиот митинг во Торун, Полска.

Легендарниот Сергеј Бубка цели 21 година го држеше светскиот рекорд во скокс со стап со прескокнати 6,15 метри, пред да го подобри Реноа Лавиление за еден сантиметар во 2014 година.


Администратор
15/02/2020 20:54