Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во жестока контра-реплика на повеќе од три часа после полноќ дискусија во Собранието, истакна дека е среќен што е не е залижан како Костадин Костадинов и што не е подизведувач на уништувањето на Македонија од страна на Зоран Заев.

- Фала му на господ што не сум залижаниот Костадин Костадинов подизведувач на Зоран Заев, кој целосно ја уништи Република Македонија во секоја смисла на зборот. Историјата ќе ви суди заради тоа разрешувате Министер кој гордо стои позади името Република Македонија. Во Македонија, во 21 век доживеаме, Заев и СДСМ да го забрануваат името Република Македонија, истакна Ѓорчев.


Администратор
15/02/2020 03:27