Петгодишно девојче од Пробиштип е повредено откако во неа удрило патничко возило марка „пежо“, со непознати регистарски ознаки, по што возилото го напуштило местото.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.

-Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип, наведуват од МВР.


Администратор
14/02/2020 19:17