Рихванд или бекдроп, што е шарфер, a што клапер, разликата помеѓу извршен и линиски продуцент, се дел од дефинираните поими што ги содржи Прирачникот за филмаџии, прв прирачник за филмските работници што го издаде Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

-Филмската индустрија е многу сложена и во продукцијата на еден филм се вклучени голем број работници и автори кои мора прецизно да знаат што работат и колку за тоа имаат време и буџет. Во пресрет на 70-годишнината на ДФРМ, сметавме дека е потребно едно вакво систематско подредување и дефинирање на поимите и описите на функциите во филмот. Прирачникот е всушност филмскиот буквар, кој секој филмаџија мора да го знае инстинктивно, доколку сака да се занимава со филм, изјави Игор Иванов, претседател на ДФРМ.

Во подготвувањето на Прирачникот придонеле сите членови на ДФРМ и нивните соработници. Секој член на Друштвото ќе добие бесплатен примерок. х


Администратор
14/02/2020 14:38