Кина ги повика сите држави да се приклучат кон напортите во борбата против новиот коронавирус, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли.

– Коронавирусот преминува граници, затоа се неопходни обединети напори на меѓународната заедница. Во оваа борба за јавно здравје најважно е меѓусебното разбирање, довербата и поддршката без оглед на границите, рече Ванг по средбата со германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас во Минхен. Тас с

Досега од Ковид-19 починале 1.383 лица, а 64.435 се заразени низ целиот свет.


Администратор
14/02/2020 11:50