Денот на вљубените Свети Валентин - годишна прослава која се одржува на 14 февруари со славење на љубовта и приврзаноста помеѓу интимните партнери.

Денот е именуван според еден или повеќето ранохристијански маченик наречен Валентин и е одреден од папата Гелазиус I во 500 год.п.н.е. Беше отстранет од Романскиот календар на светците во 1969 од папата Павле VI, но нивнато религиско одржување се уште е дозволено.

Традиционално е ден на кој вљубените ја изразуваат нивната љубов меѓусебно со подарување цвеќиња,нудење слатки производи и праќање картички(познати како"љубовни"). Денот прво се поврзувал со романтична љубов во кругот на Геофри Чосер во Средниот век,кога традицијата бурно растела со искрена љубов.

Модерните симболи на Денот на вљубените вклучуваат заоблени срца,гулаби и фигура на криластиот Купидон. Од 19 век со рачно напишаните картички почнаа да се произведуваат голем број поздравни картички.

Католичката енциклопедија исто така зборува за третиот светец наречен Валентин кој се споменува во раните маченици на датата на 14 Февруари.Тој бил мачен во Африка со бројни другари,но не е познато ништо повеќе за него.

Православните верници пак денес го прославуваат Свети Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции.

На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари според јулијанскиот календар, т.е. на 14 февруари, според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите.

Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Во некои краишта на Македонија, како Охрид и Прилеп, овој празник е познат и како Св. Трипун-пијаницата.

Во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето зд оваа вода, за која се смета дека е ослободена од демоните и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата.

Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со вино, а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино.

Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на црквата, со цел да се забрза заминувањето на зимата.


Администратор
14/02/2020 04:49