Ако стрелата на Купидон сè уште не ве погодила, воопшто не треба да се грижите. Можеби само треба да го отворите своето срце и да ги пополните мислите со убави и романтични работи. А ако веќе сте за заљубени уживајте со вашата сакана личност во најубавите романтични филмови на сите времиња.

10. Valentine’s Day

Џулија Робертс, Ештон Качер, Бредли Купер, Џенифер Гарнер, Џесика Алба, Ен Хатавеј, Џесика Бил, Тејлор Свифт, Ема Робертс и Џејми Фокс се само некои од најдобрите 10 холивудски sвезди кои се појавуваат во оваа приказна за двојки и синглови во Лос Анџелес, кои треба да се справат со притисоците и очекувањата од Ден на вљубените.

9. Titanic

Американски филм во 1997 година, кој ја следи врската помеѓу богата девојка и сиромашно момче кои се среќаваат и се вљубуваат на „непотоплив“ брод додека екипажот брза да го сруши претходниот рекорд на патување низ Атлантикот.

8. The Notebook

Врз основа на романот со исто име, The Notebook е љубовен филм, во која главна улога играат двајца заљубени млади кои заради класните разлики и војната се приморани да се разделат за повторно да се сретнат години подоцна.

7. Dirty Dancing

Додека седумнаесетгодишната Бејби ги поминува празниците со родителите во одморалиште се вљубува во инструктор за танц. Прво танцување, прва убов. Најдобри периоди од животот, но и проблеми наречени родители и околина.

6. Sleepless In Seattle

Том Хенкс и Мег Рајан во главните улоги, а филмот е еден од најкомерцијално успешните од 90-тите години. Приказната го следи архитектот, кој откако неговата сопруга почина од рак, се преселува со својот син во Сиетл за да започне нов живот. Една вечер излегува на националното радио и ја раскажувате својата приказна. Бројни жени го слушнаа, а една се реши да го запознае.

5. Amelie

Француска романтична комедија од 2001 година со мал допир на фантазијата. Приказната се врти околу една млада девојка која бара љубов за себеси и за другите. Филмот се здоби со висока репутација и меѓународен успех и стана едно од најпознатите достигнувања на француската кинематографија.

4. Junо

Јуно е американска романтична драма од 2007 година. Елен Пејџ ја игра Јуно, самосвесна тинејџерка која се соочува со непланирана бременост и притисок од страна на возрасните кои ја опкружуваат.

3. Blue Valentine

Рајан Гослинг и Мишел Вилијамс глумат во романтична драма за две лица кои страсно се вљубуваат во раните дваесетти години, а потоа, шест години подоцна, треба да се справат со проблемите кои прозилегуваат од брачната заедница

2. Moulin Rouge

Романтичен мјузикл од 2001 година, кој ја следи приказната за еден млад поет кој се вљубува во смртно болната глумица Мулин Руж. Филмот беше номиниран во 8 категории за престижната награда Оскар.

1. My Best Friend’s Wedding

Џулија Робертс блеска во улогата на Џулијан Потер, која целиот живот бегаше од сериозна врска, но одеднаш сфаќа дека е заљубена во нејзиниот најдобар пријател Мајкл. Но има само една мала пречка на патот кон нивната среќа. Мајкл се жени со друга.


Администратор
14/02/2020 04:46