Откако министерот за надворешни работи на прес-конференција ја обвини техничката министерка Мизрахи дека го прекршува уставот поради тоа што ја вратила таблата на кое стои името Република Македонија и дека ќе побара од техничкиот премиер Спасовски да ја разреши Мизрахи и откако Царовска ја обвини дека дрско лаже, Рашела Мизрахи објави слики на кои може да се забележи дека таблата не е воопшто сменета во Министерството за труд и социјална политика туку дека при оддржувањето на прес-конференциите на поранешната министерка Мила Царовска бил поставуван бел банер на кое стои напишано новото име и на тој начин старата табла се покривала.

- Министерот за надворешни работи Никола Димитров изнесе цела низа невистини кои не доликуваат на еден министер на сериозна држава.

Наместо да се занимава со заштита на државните и на националните интереси, министерот за надворешни работи во заминување со изнесување невистини јавно кодоши друг министер во истата Влада за покривање на сопствените пропусти. Практика којашто е непозната во ниту една демократска држава.

Во насока на вистинско информирање на јавноста, но и запознавање на јавноста за злоупотребите со користењето на алатките за лажни вести на Димитров, ја информирам јавноста дека во Министерството за труд и социјална политика има ЕДНА ЕДИНСТВЕНА табла со името на Министерството и таа воопшто не е променета со моето доаѓање.

Во прилог ги доставувам и фотографиите од средбите и настапите на претходната министерка, сега актуелен вицепремиер за економски прашања Мила Царовска, која и во текот на 2019 година настапува пред табла на која и јас, Рашела Мизрахи, како техничка министерка во истото министерство продолжувам со активностите.

Тоа што Царовска и нејзиниот тим, веројатно под притисок, последните неколку настапи пред официјалната табла поставувале некаков бел банер, тоа не значи дека во министерството има две табли, особено не „стара“ и „нова“ табла.

Оттука, му посакувам на Никола Димитров, наместо за мојата работа во МТСП, за промена повеќе време да поминува на заштита на националните и државните интереси, што му е и основна работа како министер за надворешни работи, реагираше Мизрахи.


Администратор
10/02/2020 04:18