Откако на официјалната фејсбук страна на министерката Рашела Мизрахи беше поставена слика со информација дека таа е министерка во Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Мизрахи истото го стори и на позадинското пано во делот од министерството кој е наменет за оддржување на прес-конференции.

Министерката Мизрахи, оддржа прес-конференција на која истакна дека ќе се залага за унапредување на правата за децата без родители, притоа игнорирајќи ја додавката „Северна“ во називот на државата.

Според информациите во медиумите, министерката го вратила старото пано кое беше во министерството се до промената на името од страна на пратениците.


Администратор
08/02/2020 01:22