Џордан Синот (25) е најновата жртва со смртни последици на фудбалските терени.

Синот играше за англискиот нисколигаш Метлок таун, како позајмен играч од Алфретон таун, а кариерата ја започна во Хадерсфилд. Во меѓувреме настапуваше за Алтринхам, Бери, Халифакс и Честерфилд

– Добивме страшна вест за нашиот поранешен фудбалер Џордан Синот. Не е познато под какви околности настапила смртта и нема да даваме коментари од почит кон семејството на Џордан, се вели во соопштението на Халифакс, кој прв се огласи по повод трагичниот настан.


Администратор
25/01/2020 23:59