Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово вечерва ја организираше манифестацијата „Светосавска радост“. Повод беше одбележувањето на денот на Свети Сава и завршување на проектот „Школе српског језика“ (школа за српски јазик).

Школата траеше шест месеци и овае крајната активност. Српскиот јазик го учеа 18 деца ученици на возраст од 10 до 15 години, со Нена Ристиќ Костовска професор по српски јазик и литература од Скопје. Вечерашнава приредба е посветена и на Свети Сава, кој во Србија се празнува и како школска слава. Воедно децата покажаа што научиле во текот на кратката учебна година, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово.

– Децата изведоа драмските текстови, посветени на Свети Сава, а еден дел и од она што учеа. Комплетите книги ги добија од врсници од Србија, собрани во акција за која беше задолжена Олга Сабо од Институтот за српски јазик при Српската академија за наука и уметност, рече Андонов.

Проектот е кофинансиран со средства на Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот при Министерството за надворешни работи на Република Србија и е поддржан од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија.


Администратор
25/01/2020 23:25