Манчестер јунајтед беше казнет со 20.000 фунти за однесувањето на „црвените ѓаволи“ за време на дербито на Ливерпул минатата недела, кога загубија со 0-2 на „Енфилд“.

Фудбалерите на Јунајтед протестираа насилно против одлуката на судијата Крег Поусон, откако го опколија и вербално го нападнаа во 26-та минута од натпреварот.

Насилната реакција на фудбалерите на гостите беше диктирана од фактот дека судијата не досуди фаул против Давид де Хеа во шеснаесетникот, а последователно реализира и Роберто Фирмино.

Сепак, голот беше поништен по прегледот на ситуацијата со ВАР.


Администратор
24/01/2020 16:35