Официјална Софија ќе прогласи двајца руски дипломати обвинети за мепожели заради шпионажа, соопшти бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Писмо од јавниот обвинител, со информации за граѓани кои шпионирале на бугарска територија е примено денеска во Министерството за надворешни работи, јави БГНЕС. Обвинителите соопштија дека Русите биле вклучени во шпионажа, но дека поради дипломатскиот имунитет не може да им се суди.

– Го добивме писмото со обвиненија. Ќе преземеме акции кои сме обврзани да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за „персона нон грата“, вели Захариева, дополнувајќи дека во текот на денот на разговор ќе биде повикан рускиот амбасадор во Софија.


Администратор
24/01/2020 13:43