Националните телевизии Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат- М дел од Македонската Медиумска Асоцијација во знак на протест ги бојкотираат активностите на министрите и на владата.

На прес-конференциите на министрите од актуелната Впада тие ги спуштија камерите а во вестите на телевизиите со национална фреквенција истите не се емитуваат.

Според информациите во медиумите, ваквиот чекор телевизиите го презеле поради неисполнетите ветувања за помош преку министерството за култура, но и поради лошиот однос на владата кон медиумите.


Администратор
23/01/2020 13:55