Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот празник Богојавление присуствуваше на централната манифестација во Охрид. Оттаму, Мицкоски порача оваа година да биде година на победи, обнова и успеси на Република Македонија .

- Денеска сме овде во Охрид, ќе ми дозволите од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам овој ден на православните христијани Бог се јави, Навистина се јави, да им посакам многу здравје среќа, бериќет, за нив и нивните семејства.

Оваа година да биде година на победи, да биде година на обнова, да престанат неправдите, да престанат понижувањата, да престане срамот. Јас сум оптимист, верувам во мудроста на народот и сигурен сум дека токму оваа е таа година кога ќе победи Обновата врз разурнувањето.


Администратор
19/01/2020 19:34