Претседателот на СДСМ, Зоран Заев присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид кој денеска беше преполн со верници и гости кои во голем број присуствуваа на традиционалното фрлање на крстот.

„Чест, задоволство и среќа е денеска да се биде во Охрид“, рече претседателот на СДСМ Заев, и на присутните им го честиташе празникот, посакувајќи здравје и среќа за сите.

Претседателот на СДСМ, Заев честитка упати и до среќниот граѓанин кој го извади крстот од водите на Охридското Езеро, Петар Рупевски, посакувајќи му нему и на неговото семејство среќа.

Пред присутните Заев изјави:

„Почитувани граѓани,

Еве од прекрасниот, величествениот наш Охрид, од оваа величествена глетка, денеска го одбележуваме големиот христијански празник Богојавление Христово.

Во тоа име сакам да ја искористам оваа прилика да им го честитам на сите наши граѓани, православни верници, големиот празник.

Ова е празник кога се раѓаме повторно во верата наша, кога веруваме во заедништвото, кога се помагаме меѓу себе, во верба за нов почеток, за нешто добро, за нешто заедничко. Сакам да му честитам и на Петар кој го фати крстот, секако и на неговото семејство, да ни носи среќа на целиот наш македонски народ.

Нека е честит големиот празник, Богојавление Христово!“


Администратор
19/01/2020 18:56