Повардарската епархија со седиште во Велес се подготвува за недела 19 јануари кога на големиот празник Богојавление-Водици ќе се осветат водите на реката Вардар по што од Мало Мовче, владиката повардарски Агатангел, по 11:30 ќе ги фрли чесниот крст во осветените води. За овој чин, според информацијата за МИА од Повардарската епархија, до денеска се пријавиле 50 лица.

Како што информира Никола Цилаков од Епархијата Повардарска пријавувањет трае и утре и во недела сабајле. Услов за кандидатите е да се полнолетни, здрави и физички способни за да можат да влезат во ладните води на реката Вардар, а одобрување треба да даде лекарската екипа.

Светиот чин е закажан во 11:30 од Мало Мовче откако претходно владиката Агатангел во сослужение со свештениците од Повардарската епархија ќе изврши осветување на води на реката Вардар.

Чествувањето на празникот ќе започне во 8:30 во црквата „Св. Спас” со литургија која ќе ја отслужи владиката Агатангел, кој потоа ќе ја предводи и традиционална литија.

ЈКП„ Дервен” во изминативе три дена изврши детално чистење на брегот каде ќе се изврши самиот чин, со цел да се заштитат учесниците од повреди ид тврди предмети од отпад.

Инаку Епархијата Повардарска за овој настан поддршка ќе има и од волонтерите на општинскиот Црвен крст, од спасителите на вода од здружението „Македонски спасител” и од кајакарите од неколку велешки кајакарски клубови.


Администратор
18/01/2020 01:46