Членот на Движењето Самоопределување, Елвис Хоџа, тврди дека лидерот на Демократскиот сојуз на Косаово (ДСК), Иса Мустафа, по секоја цена сака да коалицира со Демократската партија на Косово (ДПК) на Кадри Вејсели.

Хоџа на својот Фејсбук профил напиша дека ДСК бара оваа партија во новата влада да добие место на претседател на парламентот и гаранции дека ќе го добие правото на функцијата косовски претседател, кога на актуелниот претседател Хашим Тачи ќе му заврши мандатот.

ДСК, вели Хоџа, бара функцијата претседател на парламентот да и припадне на таа партија, иако нивните пратеници гласаа тоа да биде Глаук Коњуфца од Самоопределување.

Објаснувајќи ја логиката на ДСК Хоџа наведува дека таа партија е наклонета да кажува дека загубила 10 милиони долари а кога ќе ги прашањето од каде им се толку пари нивниот одговор е дека не е важно од каде се, туку е важно дека ги загубиле.

„А, сите ја знаеме вистината, знаеме дека никогаш немале толку пари и сите знаеме дека тие немаат ништо, а кога немате ништо можете да зборувате за тоа дека сте загубиле и милијарди….„ напиша Хоџа на ФБ.

Според него, ДСК и натаму мисли дека е најголема партија и дека во нејзиниот состав има угледни член олви, но тоа е минато.


Администратор
13/01/2020 22:28