Доделувањето на „Оскарите“, едно од најгледаните шоуа од Холивуд, и годинава, како и лани, ќе се одржи без водител, соопштија организаторите. Свеченоста е закажана за 9 февруари односно, 10-ти февруари по наше време.

– Одлучивме да нема водител, бидејќи минатогодишното доделување мина добро, изјави Кери Бурк, директорка на телевизијата Еј Би Си.

Комичарот Кевин Харт минатата година мораше да се откаже од улогата водител поради негови одамнешни хомофобични објави на Твитер. Затоа организаторите првпат по 30 години одлучија телевизискиот настан да нема водител.

Како дополнителен мотив беше наведено и внесувањето свежина и враќањето на публиката на ова популарно шоу.


Администратор
09/01/2020 12:55