Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.12/2019 за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2019 објавени се 2006 должници - правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 2527 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2019 изнесува 10.039.498.849 денари, помалку за 90.217.232 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.879.654.735 денари (помалку за 90.290.624 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 159.844.114 денари (повеќе за 73.392 денари од претходната листа).

На врвот на листата се ТЕ-ТО АД Скопје и поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо.

ЈП за одржување и заштита на магистрални и локални патишта, е сеуште прв на листата од сите државни должници а од другите државници институции на листата на УЈП се наоѓаат Македонската радиодифузија, општината Карпош, ЈСП „Скопје“, Водостопанство на Македонија, Агенцијата за цивилно воздухопловство..

Целата листа може да се погледне на следниов линк.


Администратор
13/12/2019 01:21