Манчестер Јунајтед на еуфоричен начин го освои првото место во својата група „Л“ во Лига Европа.

„Црвените ѓаволи“ го совладаа АЗ Алкмар со 4:0 на својот „Олд Трафорд“ и со тоа си загарантираа дека ќе завршат на врвот.

Британците избувнаа со четири гола за 11 минути во второто полувреме и ја запечатија победата. Ешли Јанг отвори во 53. минута, потоа Мејсон Гринвуд се запиша во 58. минута, Хуан Мата го направи резултатот 3:0 во 62-та минута од пенал, а повторно Гринвуд го запиша четвртиот гол за својата екипа во 64-тата минута.

Добра вест за Холанѓаните беше дека поразот не беше погубен за нив и тие се квалификуваа за шеснаесетфиналето како второпласиран тим.

Резултати од Лига Европа:

Група А:

АПОЕЛ Никозија – Севиља 1:0 Карабак – Дуделанж 1:1

Група Б:

Динамо Киев – Лугано 1:1 ФК Копенхаген – Малме 0:1

Група Ц:

Базел – Трабзонспор 2:0 Хетафе – Краснодар 3:0

Група Д:

ЛАСК – Спортинг Лисабон 3:0 ПСВ Ајндховен – Розенборг 1:1

Група Е:

ЦФР Клуж – Селтик 2:0 Рен – Лацио 2:0

Група Ф:

Ајнтрахт Франкфурт – Виторија Гимараеш 2:3 Стандард Лиеж – Арсенал 2:2

Група Г:

Ренџерс – Јанг Бојс 1:1 Порто – Феенорд 3:2

Група Х: Еспањол – ЦСКА Москва 0:1 Лудогорец – Ференцварош 1:1

Група И: Гент – Олександрија 2:1 Волфсбург – Сент Етјен 1:0

Група Ј Борусија Менхенгладбах – Истанбул Башакшекир 1:2 Рома – Волфсбергер 2:2

Група К: Слован Братислава – Брага 2:4 Вулверхемптон – Бешикташ 4:0

Група Л: Манчестер Јунајтед – АЗ Алкмар 4:0 Партизан Београд – ФЦ Астана 4:1


Администратор
13/12/2019 01:20