Борусија Дортмунд е меѓу кандидатите за назначување на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино.

Аргентинецот минатиот месец беше ослободен од менаџерската позиција кај „петлите“, а интерес за него дефинитивно не недостасува. Арсенал, Реал Мадрид и Барселона се само некои од тимовите кои ја следат ситуацијата со стратегот. Самиот тој призна дека се чувствува подготвен да се врати на работа веднаш.

Англиското издание „Телеграф“ известува дека еден од најсериозните фаворити за потписот на тренерот е Борусија Дормтунд. Актуелниот тренер на тимот, Лусијан Фавр е под сериозен притисок, иако „жолто-црните“ обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите.


Администратор
12/12/2019 21:20