Српскиот претседател Александар Вучиќ по одлуката на Македонија да ја бојкотира церемонијата за доделување на нобеловата награда за литература истакна дека е изненаден од С. Македонија што го бојкотирала доделувањето на Нобеловата награда на Питер Хандке, приклучувајќи им се на Албанија, Косово, Турција, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Новинарите го прашаа претседателот на Србија Александар Вучиќ, како го коментира бојкотот на дел од соседните земји на Србија, одлуката на македонскиот министер за надворешни работи да не го испрати амбасадорот на церемонијата како и ставот на Турција во врска со доделувањето на нобеловата награда за литература на Питер Хандке.

„ Хандке е великан не само на германскиот јазик, туку и на Србија. Повторно му честитам и му благодарам за се што направи во претходниот период. Горд сум на тоа што доби нобелова награда пред се поради тоа што успеа да преживее премногу тешки моменти во животот верувајќи во вистина и поради тоа што не подлегна на сите трикови и провокации од НАТО земјите, истакна Вучиќ.

Коментирајќи за Македонија, Вучиќ кратко прокоментира - нека си ја гледаат својата работа.

„Нека си ја гледаат својата работа, а можам само да кажам дека со оваа одлука им покажаа на Србите во Македонија за кого треба да гласаат и мислам дека тоа е многу поголем проблем за нив отколку за нас, додаде Вучиќ.


Администратор
11/12/2019 03:07