Климатските промени и загадувањето го истиснуваат кислородот од океаните, заканувајќи се за опстанокот на многу видови риби, тврдат експерти од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

Истражувачите велат дека климатските промени ја влошуваат состојбата со недостиг на кислород.

Споредено со 1960-тите, кога недостаток на кислород бил забележан на 45 океански локации, денес истиот проблем е забележан на дури 700 места.

Експертите велат дека таа состојба е особено штетна за одредени видови риби, како што се туната, ајкулата и една вид сабјарка. Балтичкото Море и Црното Море се најголемите затворени морски екосистеми со мала содржина на кислород, се вели во извештајот на IUCN. Доколку земјите продолжат со вообичаениот пристап кон емисиите на штетни гасови, светските океани би можеле да останат со три до четири проценти помалку кислород до 2100 година.


Администратор
09/12/2019 12:46