Четири ракети погодија денеска воена база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, пришто се повредени „шестмина борци“, се вели во соопштението на ирачката војска.

Безбедносните сили откриле ракетен фрлач и неколку ракети при претрес во областа, се вели во соопштението.

Засега никој не презеде одговорност за ракетирањето, и тоа е последен во низата напади од минатата недела.

Во четвртокот две ракети ја погодија авионската база Балад, но немаше жртви и штета од нападот. Во базата Балад се сместени американските сили и се наоѓа на околу 80 километри северно од Багдад. з


Администратор
09/12/2019 12:09