Екипите на Сасуоло и Каљари завршија со 2:2 во Реџо Емилија во 15-тото коло од Серија „А“.

Домашната екипа успеа да постигне гол по 6 минути игра преку Доменико Берарди. Во 36-тата Филип Ѓуричиќ го удвои резултатот. Во 51-та Жоао Педро го искористи непланираниот излез на голман на Стефано Турати и со глава го намали заостанувањето на тимот од Сардинија.

Тоа беше десетти гол за бразилскиот напаѓач од почетокот на сезоната, со што стана само вториот играч во клупската историја со толку погодоци во првите 15 кола на Калчото по Луиџи Рива (1968/69 и 1973/74).

Во 65-тата на домашната екипа и беше досуден пенал, но Берарди ја испрати топката во пречката. Така се дојде до 90 минута кога гостите дојдоа до реми, благодарение на Даниеле Рагацу, кој ја испрати топката во долниот агол на голот.

На овој начин гостите останаа без пораз на нивните последни 13 натпревари во италијанската елита.

По денешниот бод, Каљари е на четвртото место со 29 бода, додека Сасуоло е 14-ти со 15 бода.

Резултати од Серија „А“:

Лече – Џенова 2:2 Торино – Фиорентина 2:1 СПАЛ – Бреша 0:1 Сасуоло – Каљари 2:2

18,00 Сампдорија – Парма 20,45 Болоња – Милан

Вчера:

Аталанта – Верона 3:2 Удинезе – Наполи 1:1 Лацио – Јувентус 3:1

Во петокот

Интер – Рома 0:0


Администратор
09/12/2019 02:13