Одбраната во случајот што обвинителството го нарече организатори на настаните од 27 април, бара овој предмет да не го води Кривичниот суд туку да се даде во рацете на судот во Хаг, оти се сомневаат дека во Кривичен судењето ќе биде пристрасно.

-Со оглед дека веќе постојат три пресуди од држави членки на ЕУ. поврзани со овој кривично-правен настан дека нашите судови се пристрасни и дека не можат да испорачаат правда, сметаме дека едниствен начин на кој можеме да ја видиме правдата и вистината за 27 април е преку меѓународниот кривичен суд , истакна адвокат Јордан Апостолски, за Алфа.

Според него неопходно е изземање и на судијката Оља Ристова која е член на судечкиот совет за овој случај. Образложението е дека Ристова имала веќе пресудила за друг случај од 27-ми април, по што неколкумина завршија в затвор. Според одбраната ова значи дека Ристова веќе има формирано мислење за овој случај и според закон и судска етика не треба да работи ништо поврзано со 27-ми април. Апостолски бара изземање и на судијата Марин Станевски, заради истите причини. Дотолку повеќе што Станевски и самиот барал да го изземат, но судот го одбил барањето. Но и барањето за Ристовска судот го одбил.

Во овој случај осомничени се екс-премиерот Груевски, поранешниот претседател на собранието и пратеник Вељановски, екс-министрите за транспорт и врски Јанакиевски, и за труд и социјална политика Ристовски, поранешниот директор на УБК Атанасовски и заменикот началник во 5-тата управа Бошковски.

-Судијка веќе одлучувала за истиот кривично правен настан и сметеме дека со тоа веќе има завземено определено мислење, вели адвокатот.


Администратор
08/12/2019 01:18