Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по средбата со Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во изјава за Телевизија Алфа, истакна дека целта на средбата била да се пренесат мислења околу актуелните состојби во Македонија но и да се добијат информации во однос на Турските видувања за ситуацијата во Македонија.

- Целта на посетата на Истанбул беше да размениме мислење околу актуелните состојби во Македонија и во Турција. Да пренесеме што се случува во Македонија, но и да добиеме перспектива од страна на Министерот за надворешни работи на Турција во однос на нивните видувања.

Разговаравме за соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата АК и очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во Македонија.

Турција е традицонален партнер и подржувач на Македонија. Република Турција е еден од најголемите партнери на Република Македонија, истакна Николоски


Администратор
07/12/2019 23:00