Од вчера започна поврат на дел од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември кон граѓаните. Над сметките на над 16.000 граѓани исплатени се парите од повратот на 15 отсто од ДДВ. До крајот на идната недела ќе бидат исплатени сите граѓани кои скенирале фискални сметки. Само преку оваа мерка над 3 милиони евра се враќааат директно кај граѓаните. Преку мерката Мој ДДВ за првпат државата враќа пари директно на трансакциските сметки на граѓаните. Концептот Парите назад кај граѓаните се реализира во целост и дава одлични резултати, На прав пат сме, преку конкретни мерки и политики докажуваме што значи вистинска грижа за сите граѓани.


Администратор
07/12/2019 22:17