Атина и Анкара се близу до вооружен конфликт, откако Турција потпиша договор за разграничување со Либија, што се врзува во ексклузивна економска зона што ги опфаќа и грчките територијални води.

Договорот, потпишан на 27 ноември, предвидува коридор што се протега по источниот Медитеран меѓу бреговите на Турција и Либија и „сечење“ на делот од морето за кое Грција тврди дека има право, објави Ал Џезира.

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез најави дека штом договорот ќе биде ратификуван од обете страни, турските бродови ќе започнат со подводно дупчење во областа во потрага по природен гас и нафта.

Иако грчката морнарица не даде официјално соопштение, двајца експерти наведуваат за Ал Џезира дека Атина испратила поморски сили во спорната област југоисточно од Крит.

Грција одлучи да го протера либискиот амбасадор поради договорот меѓу Либија и Турција за повлекување поморска граница меѓу двете земји во близина на грчкиот остров Крит.

Професорот по меѓународно право и пратеник на конзервативната Нова демократија во грчкиот Парламент, Ангелос Сириос смета дека Турција нема да може да започне со дупчење.

-На Анкара и е нагласено дека нема да се толерираат никакви истражувања во област за која Грција смета дека е нејзина ексклузивна економска зона, додаде Сириос.

Началникот на грчката морнарица адмиралот Никос Кунис изјави дека поморските сили не чекаат ничија помош.

– Се што правиме, ќе го сториме сами, појасни Кунис.


Администратор
07/12/2019 08:36