Стапката на невработеност во третиот квартал годинава се спушти на 17,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, бројот на невработнеи лица во третото тримесечје изнесува 164.702 лица, бројот на вработени изнесувал 799.564 лица. Активното население во земјава изнесува 964.248 лица.

Стапката на невработеност во однос на последниот квартал е намалена за 0,4 отсто, кога изнесува 17,5 отсто, а во првиот квартал 17,8 отсто. На крајот на минатата година стапката на невработеност изнесуваше 20,7 отсто.


Администратор
06/12/2019 22:26