Во Музејот на тетовскиот крај во Тетово, ќе биде отворена патувачката изложба „Арт Фем“ на академска сликарка Дороти Пачкова.

На изложбата посетителите ќе можат да видат и уметнички дела пристигнати во земјава со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеговина и Црна гора.

Изложбата, како што наведува Пачкова, е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културноуметнички живот.

-„Арт Фем“, го градиме оддолу нагоре, па затоа, ова е место за сите уметнички, сите активистки, сите културни работнички. Во зачетнава фаза се воспоставуваат темели за изградба на силно женско уметничко движење, па затоа ги мотивираме сите уметнички и културни работнички да присуствуваат на изложбата, вели Пачкова


Администратор
06/12/2019 09:28