Пред да одговара на новинарски прашања по денешната посета во населбата Волково на премиерот Зоран Заев, револтирана жителка на Ѓорче Петров влезе во „дуел“ со премиерот и со градоначалникот истакнувајќи дека ниту едно од ветувањата дадени од власта не биле исполнети во однос на локалните проблеми со кои жителите на Ѓорче Петров се соочуваат.

- Каде е проширувањето на улиците, на тротоарите, каде се градинките. Ништо нема. Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“, рече таа.

Градоначалникот Наумовски и премиерот Заев се потрудија да објаснат до каде се работите во однос на барањата и потребите на граѓаните, притоа напоменувајќи дека се сомневаат дека се работи за конструиран случај.


Администратор
05/12/2019 18:30