Силниот земјотрес со магнитуда од 6.4 степени кој го погоди Драч, а силно се почуствува и во Македонија, ги извади албанските жители на Драч, Тирана и околните градови и села на улица.

Албанските медиуми прененесуваат дека една зграда е срушена како резултат на силниот земјотрес, а штетите предизвикани од истиот дополнително ќе се пребројуваат.

Земјотресот со најголем интензитет, а кој го почуствуваа и македонските граѓани, се случил во близина на Драч со магнитуда од 6,4 степени и на длабочина од 10 километри.

Десетина минути подоцна во Тирана е почуствуван земјотрес со магнитуда од 5.3 степени а во последните пет часа во Албанија се почуствувани дури четири земјотреси. Останатите два се со магнитуда од 4.1 и 3.8 степени според Рихтеровата скала.


Администратор
26/11/2019 05:20