Шест студентки од Ликовната акдемија при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска ги презентираа своите постери во рамките на кампањата „Гласно против гласини“.

Публиката на денешното свечено отварање можеа да видат вкупно 13 постери на оваа тема, а изложбата е резултат на работилницата под водство на професорката Јана Јакимовска.

Таа забележа дека работилницата беше организирана со цел да ги инспирира студентите на Ликовната академија да подготват креативни решенија – постери кои ги разобличуваат гласините и начините на стигматизација на жените.

-Токму овој вид на гласини ги разгледавме преку одредени групи, коишто понатаму прават одредени проблеми на жените Ромки, од другите националности, младите жени и жените со попреченост се групи, коишто ги трпат овие проблеми. Гласините создаваат стереотипи, а стереотипите понатаму создаваат простор за дискриминирање, а оваа наша изложба се обиде да го сузбие овој негативен тренд, вели Јакимовска.

Изложбата на постери е дел од националната кампања „Гласно против гласини”, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.


Администратор
22/11/2019 15:41