Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека 23 лица се убиени во израелските воздушни напади во Сирија.

Опсерваторијата, која е опозициска активистичка група со седиште во Велика Британија, наведува дека меѓу жртвите има 15 лица кои не се Сиријци, а некои од нив се Иранци.

Шефот на опсерваторијата, Рами Абдурахман, рече дека меѓу загинатите има двајца цивили, како и петмина сириски војници.

Според него, цел на израелските напади биле магацини за оружје во предградието на Дамаск кои припаѓаат на иранските елитни сили Кудс.

Абдурахман додаде дека, меѓу другото, гаѓана е и воздушна база во западниот дел на Дамаск, каде што биле стационирани единици за противвоздушна одбрана.

Израелската војска соопшти дека извршила „обемен напад“ против ирански цели во Сирија, по ракетен напад врз Голанската Висорамнина која е под контрола на Израел.


Администратор
20/11/2019 19:43