Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ:

Христијан Мицкоски денеска со нов обид да ги оспори успешните политики кои даваат резултати.

Никола Груевски крадеше од граѓаните и од пензионерите, а Мицкоски сака да го прави истото. Денес Мицкоски е против раст на минималната плата и е против раст на пензиите.

Денеска Мицкоски излажа дека не само што пензиите не растат, туку тие се крателе. Тоа не е точно.

Факт е дека во последните две и пол години пензиите растат постојано и ќе продолжат да растат.

Во 2020 година просечната пензија со последното покачување ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на власт до почетокот на идната година просечната пензија расте за вкупно 1.746 денари.

Владата предводена за 2020 година предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.

Ако се врати стариот модел којшто го предлага Мицковски и ВМРО ДПМНЕ пензионерите ќе добијат зголемување од само 400 денари.

Што значи ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски предлагаат за 500 денари пониска просечна пензија за 2020 година.

Истовремено, моделот што денеска го предлага Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го применува додека беше на власт, но одлучуваше секоја година да им го оспори правото на законско зголемување на пензиите. Како пример ќе ја наведеме 2016 година кога ад хок паушалното зголемување го правеа на крајот на годината или поделено на 12 месеци – само 60 денари месечно. Ние, со покачувањето, за цела година даваме околу 10.000 денари или околу 850 денари месечно.

Додека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски дрско манипулираат со граѓаните во врска со покачувањето на пензиите, СДСМ покажа и докажа дека може да стабилизира пензиски систем и истовремено пензиите да продолжат да растат.

Со пензиската реформа обезбедивме редовни и повисоки пензии за сегашните и идни генерации. Со неа започнува стабилизацијата на пензискиот фонд, каде токму лошите и неодговорни политики на ВМРО ДПМНЕ оставија долг од 19 милијарди денари.

Јасна е разликата помеѓу неодговорниот расипнички пристап на ВМРО-ДПМНЕ и политиките на СДСМ кои обезбедуваат стабилен пензиски фонд и повисоки пензии.

Го охрабруваме Мицкоски да продолжи да ја чита програмата на СДСМ. На тој начин ќе има можност да научи како се работи домаќински, одговорно и во интерес на државата и граѓаните.

Додека Мицкоски ја чита програмата, ние како одговорна партија продолжуваме да работиме на реализација на мерките што обезбедуваат еконмски раст, повисоки плати и пензии и повеќе пари во секое семејство.


Администратор
20/11/2019 00:51