Иранскиот весник „Кејхан“ денеска сугерира дека организаторите на насилните протестите во Иран поради зголемување на цената на горивото можно е да бидат осудени на смртна казна со бесење.

Казната со бесење според весникот е на предлог на иранското правосудство.

И покрај тоа протестите во одредени делови на Иран продолжија и денеска, а на улиците на Техеран за сега е мирно.

Иранските власти во саботата ги прекинаа комуникациските врски и интернетот со цел да ги спречат демонстрантите да споделуваат информации и видео снимки на социјалните мрежи.

Иранските власти на 15 ноември најавија зголемување на цената на горивото за најмалку 50 проценти. Горивото во Иран досега чинеше 10.000 риали (0.06 американски долари), а сега чини 14.000 риали (0.12 долари).

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера предупреди дека против оние кои ќе ги остават автомобилите на улиците во знак на протест заради зголемените цени на горивата ќе бидат отворени правни постапки.


Администратор
19/11/2019 16:01