Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуката со која САД го поддржуваат правото на Израел да гради еврејски населби на окупираниот Западен брег ја поткопува правната основа за решавање на израелско-палестинскиот судир.

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео вчера соопшти дека САД го отфрлаат правното мислење на Стејт департментот од 1978 година, кое негира дека изградбата на населбите на окупираните територии е во согласност со меѓународното право, пренесуваат британските медиуми.

Помпео на новианрите во Стејт департментот им кажа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп смета дека сите правни прашања во врска со населбите треба да ги решаваат израелските судови.

Руското Министертво за надворешни работи денеска ја осуди оваа промена на официјалната политика, предупредувајќи дека таквиот потег ќе ја зголеми напнатоста во регионот. Ставот на Москва е дека таквите населби на палестинска територија се незаконски според меѓународноот право.


Администратор
19/11/2019 15:18