Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во активностите при расчистувањето на огромната дива депонија создадена кај стадионот во Горно Лисиче.

Акцијата ја спроведуваат Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена, кои со тешка механизација го расчистуваат теренот од секаков шут. Акцијата ќе трае неколку дена и притоа се предвидува да бидат собрани околу 1 500 м3 отпад.

Градоначалникот Марин и Општина Аеродром апелираат до граѓаните совесно и правилно да го фрлаат отпадот, со цел да се спречи создавање на нови диви депонии. Во наредниот период ќе се засили инспекцискиот надзор, како и казнувањето за фрлање отпад, палење пластика, железо и слично. Заштитата на животната средина зависи од сите нас и само со совесно и одговорно однесување ќе му дадеме почист лик на Аеродром.


Администратор
19/11/2019 12:36