Во некогашниот главен штаб на германскиот Источен фронт се откриени парк и застаклена градина што нацистичкиот водач Адолф Хитлер ги користел за одгледување овошје и зеленчук.

Полските историчари го истражувале озлогласениот бункер „Волчја дупка” што се наоѓа близу градот Кентжин, денешна североисточна Полска, па ги откриле темелите на куќарката за билки, две стаклени бавчи и подземна котларница која спроведувала вода и топол воздух за одгледување свежи плодови цела година.

Историчарот Јацек Адамски од Воениот музеј Мазуроландија, вели дека локацијата е на 800 метри од Хитлеровиот личен бункер.

– Знаевме дека бавчите се некаде во близина на „Волчјата дупка“. Како вегетаријанец и непушач, Хитлер имал такви градини во секое место каде што престојувал, па пред три години донесовме одлука за претрага, анализирајќи фотографии и архиви, како и разговорите со околните жители кои во Втората светска војна биле деца, изјави Адамски за порталот „Фрст њуз“.

Жени биле присилно вработувани во градината, и имале задача да ја пробуваат храната пред Хитлер, за да се утврди дека не е отровна.

На таа подземна локација, пронајдени се и ќерамика, порцелан, стакларија, натаму – берберница, казино, па дури и кинопроектор и одморалиште. Скривалиштето е изградено 1940 година, при подготовките на нацистичка Германија за напад на СССР.

Хитлер минал две години во оваа база, планирајќи со Операцијата Барбароса.

Местото е уништено на 20 јули 1944 година, кога Клаус фон Штауфенберг ја активирал бомбата пред конечниот пораз на нацистите.


Администратор
15/11/2019 12:06