Познатиот актер Расел Кроу на Инстаграм објави дека не успеал ништо да спаси од пожарот што го зафати неговиот имот, лоциран на источниот брег на Австралија.

Имот што изгоре, Кроу го купи кога одлучи од Холивуд да се пресели во Австалија. Тој е роден на Нов Зеланд, но неговото семејство се преселило во Австралија кога актерот имал четири години.

Кроу (55) се прослави со филмот „Гладијатор“, кој му донесе Оскар и англиската награда Бафта. Тој уште двапати беше номиниран за Оскар, а доби неколку награди и за филмот „Прекрасен ум“.

Актерот се пресели во Австралија бидејќи сакаше да му се посвети на сопругата и двата синови.

За време на пожарот тој со семејството не бил на имотот.

Во пожарите што ја зафатија Австралија вкупно загинаа четири лица.


Администратор
15/11/2019 00:57